Дома Фудбал ВИДЕО Меси го постигна 900-ти гол во кариерата. Втора личност со вакво достигнување.

ВИДЕО Меси го постигна 900-ти гол во кариерата. Втора личност со вакво достигнување.

ЛИОНЕЛ МЕСИ, на 38-годишна возраст, успеа да постигне импресивни 900 гола во текот на својата кариера. Таков подвиг досега оствари само Кристијано Роналдо. Меси го достигна ова историско постигнување во 7-мата минута од реванш-натпреварот на Concacaf Champions Cup каде што неговиот тим, Мајами, се соочи со Насвил.

Меси ја прими топката со грб кон голот на околу 11 метри оддалеченост и иако беше окружен од тројца противници, успеа со левата нога да ја испрати во мрежата. До крајот на натпреварот, Насвил израмни на 1:1, со што го елиминира Мајами од “Лигата на шампиони на Северна и Централна Америка”. Но, главната тема на натпреварот беше неверојатниот подвиг на Меси.

Како Меси стигна до 900 гола?

Еве ги тимовите за кои Меси постигнуваше голови во неговата кариера:

Барселона – 778 настапи, 672 голови

ПСЖ – 75 настапи, 32 голови

Мајами – 93 настапи, 81 гол

Аргентина – 196 настапи, 115 голови

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арена Спорт лансира нов канал: Спорт за деца и млади

Арена Спорт најави нов канал посветен на спорт за деца и млади, прв од ваков вид во регион…