Дома Фудбал Англија Вистинска радост: Саутемптон со последниот воз опстанува во Премиер лигата (ВИДЕО)

Вистинска радост: Саутемптон со последниот воз опстанува во Премиер лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Саутемптон славеа вечерва во најважниот меч од сезоната на гостувањето кај Свонси со 1:0 и на тој начин го осигураа опстанокот во лигата.

Беше ова големо дерби на опасната зона на две кола пред крајот на Премиер лигата. Двата клуба пред мечот имаа по 33 бода, идентично како и Хадершфилд, а денешната победа е злато вредна за гостинските фудбалери.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Треба да се признае дека домашните во поголемиот дел од средбата беа подобри противници и повеќе бараа погодок. Сепак, гостите се закануваа од контра, а првата таква се случи во 31. минута кога Чарли Аустин беше во добра прилика, но голманот Фабиански го одбрани ударот. До крајот на првиот дел, гостите имаа уште една шанса преку Аустин, но Фабиански повторно беше на место.

На почетокот на второт дел по една фантастична шанса на обете страни. Про за домашните се обиде Ејв, па возврати Аустин, но промена немаше. Гостите својата шанса ја искористија во 92. минута. По метежот во шеснаесетникот најдобро се снајде Габиадини кој беше прецизен за големо славје на гостинските навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…