Дома Фудбал Taжна вест ја погоди Италија: Почина еден од сопствениците на клубот кој е најголем хит во Серија А!

Taжна вест ја погоди Италија: Почина еден од сопствениците на клубот кој е најголем хит во Серија А!

Индонезискиот милијардер Мајкл Бамбанг Хартонo, кој заедно со својот брат Роберт Буди Хартонo е сопственик на фудбалскиот клуб Комо почина на 86 години, објавија извори во четвртокот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој клуб, чиј стадион се наоѓа до езерото Комо, успеа да се издигне од третиот ранг на италијанскиот фудбал и да стигне до Серија А откако браќата Хартонo го презедоа во 2019 година. Во тековната сезона, тие се борат за место меѓу најдобрите четири за да обезбедат учество во Лигата на шампионите.

Целокупното богатство на овие браќа, кои се сопственици на тутунската империја Џарум, се проценува на повеќе од 43 милијарди долари.

Комо е под раководство на претседателот Мирван Суварсо, индонезиски менаџер, додека тимот е под водство на поранешниот шпански играч Сеск Фабрегас, кој во минатото беше дел од Арсенал, Барселона и Челси Во овој момент се наоѓаат на четвртото место во Серија А..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан не се откажува: Ибрахимовиќ ќе го убедува Модриќ да остане во клубот

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ сè уште не знае дали ќе ја продолжи кариерата или ќе замин…