
Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на настанот „Армада 14“, што викендов се одржа во салата „Јане Сандански“ во Скопје.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Таа ја совлада својата противничка од Молдавија, Флочеа Алида, уште во првата рунда, предизвикувајќи воодушевување кај публиката.
Во завршницата од првиот период, Алексовска демонстрираше одлична техника и со прецизен зафат ја доведе Алида во безизлезна ситуација.
Судијата немаше друг избор освен да ја прекине борбата и официјално да ја прогласи македонската борачка за победник.