Дома Фудбал ФФМ ги казни Вардар и Шкендија!

ФФМ ги казни Вардар и Шкендија!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на управниот одбор на која донесе неколку одлуки за санкции.

Казна за натпреварот против Шкендија заработи Вардар, а како причина наведено е фрлање запалки на теренот. „Црвено-црните“ ќе треба да платат казна од 5.000 евра. Истата сума за истиот пропуст кај своите навивачи ќе ја плати и Шкендија, но за дуелот против Брера од 22. коло.

Покрај тие две одлуки казни имаше уште за:

Дејан Сиљаноски – фудбалер на ФК Детонит Плачковица се казнува со забрана на настап од 2 натпревари.

Исуфи Авдираман – комет администратор на ФК Шкендија Арачиново се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 месец

Марјан Ристески – Претседател на ОФС Кичево се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 години

Џевдет Далипи – Потпретседател на ОФС Кичево се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бенфика го победи Милан за историски триумф

Екипата на Бенфика оствари победа од 2:0 на гостувањето кај Милан во највозбудливиот дуел …