Дома Топ вести Французите со запишани први три бода против Австралија: ВАР во главната улога на овој меч (ВИДЕО)

Французите со запишани први три бода против Австралија: ВАР во главната улога на овој меч (ВИДЕО)

Селекцијата на Фрнација оствари триумф во рамки на првото коло во групата Ц, на мечот против Австралија со 2:0.

Во првиот дел без многу возбудувања, фаворитот Франција не ја покажа силната страна, додека пак, Австралија беше во одбраната одлична, по што се замина на полувреме со реми резултат без погодоци.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во второто полувреме веќе во 58. минута стигнаа првите возбудувања, кога по задоцнета реакција, благодарение на ВАР беше прегледана спорната ситуација во која над Гризман на работ од шеснаесетникот беше направен прекршок по што беше досуден удар од белата точка. Гризман истиот го реализираше за водство од 1:0 за Триколорите.

Но, по само три минути, Јединак исто така од пенал, овојпат без помош на ВАР реализираше изедначувачки погодок за Австралија.

Вториот погодок за триумф на Франција, го постигна Пол Погба во 81. минута, на асистенција на Оливие Жиру.

https://www.youtube.com/watch?v=Jfx4PygaH88

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…