Дома Боречки спортови Шампион во борење обесен во Иран

Шампион во борење обесен во Иран

Во сенка на засилените тензии меѓу САД, Израел и Иран, од спортскиот свет пристигнува вознемирувачка информација. И покрај апелите од меѓународната заедница, иранските власти не ја поштедиле казната за 19-годишниот борач Салех Мохамади, кој јавно се спротивставил на врховниот лидер Али Хамнеи.

Според извештајот на Fox News, младиот спортист бил јавно егзекутиран, што предизвика остри реакции и нови критики кон власта во Техеран.

Активистката за човекови права Нима Фар оцени дека станува збор за политички мотивиран чин, нагласувајќи дека ваквите случаи се дел од поширока стратегија на режимот за замолчување на критичарите и ширење страв меѓу населението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Егоров повторно на 57 кг, Македонија со седум адути за светскиот собир во Астана

Шест борачи и Вероника Консевич ќе ја претставуваат Македонија на сениорскиот Мундијал од …