Дома Останати Кошарка Вакво нешто не се гледа секој ден: Дончиќ и Џејмс синоќа направија чудо (Видео)

Вакво нешто не се гледа секој ден: Дончиќ и Џејмс синоќа направија чудо (Видео)

Kошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси продолжија со неверојатната серија и стигнаа до седмата последователна победа во НБА лигата. Лејкерсите синоќа на гостување го победија Хјустон Рокетс (116:124), а неверојатен настап имаше Лука Дончиќ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Лејкерси во последно време играат во фантастична форма и се на чекор да го осигураат пласманот во плејофот на НБА лигата, со оглед на тоа што моментно се трети на табелата на Западната конференција со скор 44-25.

Екипата од Лос Анџелес синоќа дојде до седмата последователна победа и тоа на гостување кај Хјустон Рокетс, кои ги совлада со 124:116.

Од самиот почеток гледавме одличен натпревар во кој Хјустон пружи многу добар отпор, но против машината на Лејкерси домашниот тим едноставно не можеше да се носи.

Главна тема по синоќешниот натпревар во Хјустон беше неверојатниот Лука Дончиќ, кој одигра уште една спектакуларна игра.

Покрај Дончиќ, одличен во екипата на Лејкерс беше и Леброн Џејмс, кој постигна 30 поени и запиша уште пет скока и две асистенции. Овој двоец игра навистина спектакуларно во последно време и сите се прашуваат дали некој може да ги запре Лејкерсите во таков низ.

Кога е во прашање Хјустон, се истакнаа Сенгун и Томпсон. Турскиот кошаркар даде 27, а Американецот додаде 26 поени против Лејкерсите.

Треба да се истакне дека Денвер Нагетсите беа поразени на гостување кај Мемфис Гризлиси со 125:118.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Годините се само бројка: Лејкерси на крилјата на одличниот Џејмс го растурија Хјустон (Видео)

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст Лос Анџелес Лејкерси се …