Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик ова лето најверојатно ќе ја промени средината, а може да ја продолжи кариерата во големиот ривал Јувентус, пренесува „Тутоспорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милик ова лето влегува во послесната година од договорот, па Наполи ќе мора да го продаде, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.
Тренерот на „бјанконерите“ Маурицио Сари одлично го познава Милик и смета дека одлично би се вклопил во триото со Роналдо и Дибала во нападот.
Наполи не сака да го продаде напаѓачот на директен ривал, но италијанските медиуми тврдат дека Милик веќе се договорил со Јувентус.
Наполи ќе биде ставен пред „свршен чин“ и ќе мора да го пушти напаѓачот во Торино, а цената на трансферот ќе изнесува помеѓу 30 и 40 милиони евра.