Дома Топ вести Милан сака четворица фудбалери на Реал Мадрид

Милан сака четворица фудбалери на Реал Мадрид

Милан и оваа сезона не ги исполни очекувањата и се бори за излез во Европа, па сака значително да го засили тимот за следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека приоритет за „росонерите“ ова лето ќе биде Лука Јовиќ, кој би требало да биде наследник на ибрахимовиќ.

Меѓутоа, „Марка“ открива дека Милан е заинтересиран и за други тројца фудбалери на Реал Мадрид.

Главните преговори се одвиваат за Лука Јовиќ, но Милан е уште заинтересиран за Мартин Одегард, Едер Милитао и Лукас Васкез.

Како што пишува „Марка“ Одегард би можел и наредната сезона да ја помине на позајмица, па потоа да му се посвети на Реал Мадрид. Интерес за него покажааа неколку клубови, но изгледа најмногу „загризал“ Милан.

Што се однесува до Милитао, тој пристигна како големо засилување но не успеа да се наметне во првиот тим. Милан сака да го донесе на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…