Дома Фудбал Италија Милан му понуди место на Кака – се огласи и Бразилецот!

Милан му понуди место на Кака – се огласи и Бразилецот!

Љубителите на фудбалот со нетрпение го исчекуваат почетокот на италијанската Серија А која започнува наредниот викенд.

Серија А ќе биде многу поинтересна во однос на претходната сезон. Клубовите се засилуваа, а навивачите на Милан се надеваат дека конечно нивниот клуб ќе започне една успешна ера.

Ова лето на „Сан Сиро“ направени беа големи промени. Во клубо пристигнаа легендарните играчи Паоло Малдини и Леонардо кои сакаат му помогнат на Милан, а според последните информации нив би можел да им се приклучи и Рикардо Кака.

Поранешниот напаѓач на Милан неодамна ја заврши кариерата и се уште не одлучил со што ќе се занимава во иднина. Италијанските медиуми наведуваат дека Милан му понудил можност да се врати и да добие некоја директорска функција. Но, Кака не е баш оптимистичен дека тоа ќе се случи токму оваа сезона.

„Сите знаат дека сум во одлични односи со Милан и дека сигурно ќе се вратам еден ден. Сепак, сега ми е приоритет да останам во Бразил бидејќи тука е моето семејство. Вратата за враќање во Милан секогаш ми е отворена и кога ќе стекнам малку искуство ќе дојдам да помогнам“, изјави Кака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…