Дома Топ вести Мбапе ја откри својата иднина!

Мбапе ја откри својата иднина!

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.

Долго време се шпекулира со иднината на 21-годишниот Французин, за кого најсилен интерес покажува Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мбапе се уште не го продолжил договорот со ПСЖ, што додатно ги разгоре шпекулациите, а сега самиот играч ги отфрли сите дилеми и ја откри својата иднина.

„Овде сум во Париз и сакам да бидам дел од овој проект. Ќе бидам во ПСЖ и следната сезона и ќе се обидам да освојам што е можно повеќе трофеи“, истакна Мбапе.

„Ова ќе биде важна година со оглед на фактот дека клубот слави 50 години од основањето. Знаеме дека за сите ќе биде важна година и ќе се обидеме да освоиме што е можно повеќе трофеи“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…