Дома Фудбал Останато Лошите вести потврдени: Светското првенство без Канте!

Лошите вести потврдени: Светското првенство без Канте!

Нголо Канте нема да биде во можност да настапи на Мундијалот во Катар, лошите вести кои се најавуваа сега се и потврдени.

Повредата на Канте е сериозна и тој нема да биде спремен да и помогне на Франција за еден месец, Светското првенство започнува на 20. ноември.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Канте веќе некое време се мачи со повреда, на денешната прес-конференција и менаџерот на Челзи, Греам Потер изјави дека нема добри вести и дека Французинот ќе мора да паузира извесно време.

На тоа кратко се надоврза и Л’Екип, тврдејќи дека Канте ќе мора да оди на нова рехабилитација и дека датумот на неговото враќање не е познат.

Англиските медиуми патем потсетија дека Челзи нема да го продолжи договорот со Канте и дека Французинот на лето, кога ќе му истече договорот, ќе го напушти клубот како слободен играч.

Деновиве се шпекулираше дека неговата ситуација будно ја следи Барселона, бидејќи директорот Матеу Алемани истакна дека поради тешката финансиска ситуација Каталонците уште повеќе ќе ја следат состојбата на играчите кои ќе бидат без договор.

Канте пристигна во Челзи по шампионската сезона со Лестер во 2015 година и стана легенда за сините откако го освои секој можен трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…