Дома Фудбал ФИФА ја прифати жалбата: Канте се врати во Европа

ФИФА ја прифати жалбата: Канте се врати во Европа

Французинот Н’Голо Канте (34) конечно го комплетираше трансферот во Фенербахче од Ал-Итихад откако ФИФА ја уважи жалбата поднесена од турскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првичниот обид за трансферот на Канте во Фенербахче беше неуспешен поради неправилности во пополнувањето на систем за трансфери на ФИФА од страна на Ал-Итихад. Вчера, турскиот клуб во соопштение го објасни причините зошто FIFA го запрела трансферот.

По поднесувањето на жалба од страна на турскиот клуб, ФИФА брзо реагираше и, откако доби правилно пополнет формулар од Ал-Итихад, го одобри трансферот.

На Фенербахче, трансферот на Канте ќе ги чини 4 милиони евра, а во спротивен правец го испратија Јусуф Ел Несири.

“Некои приказни се долгопаметни, но никогаш не завршуваат. Добредојде во Фенербахче, Н’Голо Канте,” порачаа од турскиот гигант.

Канте го потпиша договорот со Фенербахче до летото 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Единсон Кавани го раскина договорот со Бока Јуниорс

Поранешниот фудбалер на Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Валенсија, Еди…