Дома Фудбал Роналдо го запре трансферот на Канте

Роналдо го запре трансферот на Канте

Францускиот играч за врска Нголо Канте нема да стане новото засилување на Фенербахче.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако сè беше на дофат на реализација, бидејќи клубовите постигнаа договор, а играчот беше подготвен да се пресели во Истанбул, сега со веќе завршени лекарски прегледи, враќањето на Канте во Европа нема да се случи.

Требаше да се случи размена на играчи помеѓу Фенер и Ал Итихад и наместо Канте кон Саудиска Арабија да оди Јусеф Ен Несири, но саудискиот клуб одолговлекуваше со процесот на предавање документи, процедурата не можеше да се заврши и двајцата играчи нема да завршат таму каде што беа предвидени.

Фенербахче се огласи со соопштение во кое истакнаа дека побарале од ФИФА рокот за реализација на трансферот да се продолжи, но и тука Ал Итихад повторно задоцни и дури не се потрудија ни да се оправдаат.

Претпоставката е дека зад сè стои ставот на Кристијано Роналдо дека големите ѕвезди не се пуштаат од Саудиска Арабија. Тој дури одби да тренира со Ал Наср и ги предупреди челниците на натпреварувањето за трансферот на Карим Бензема од Итихад во Хилал бидејќи, како што истакнува, тоа не е праведно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо се изнервира по прашање за Меси и си замина (Видео)

Фудбалерите на репрезентацијата на Португалија вчера го совладаа Узбекистан со резултат 5:…