Дома Фудбал Останато Куман: Само еден човек се прашува за иднината на Меси

Куман: Само еден човек се прашува за иднината на Меси

Тренерот на Барселона има многу поголеми грижи од иднината на Лионел Меси. Неговиот тим е седми на табелата и зад лидерот има десет бодови помалку.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Откако Нејмар ја крена јавноста на нозе со неговата изјава дека следната година ќе игра во тим со Лионел Меси, тренерот Роналд Куман беше „нападнат“ од шпанските медиуми.

„Само еден човек може да реши за неговата иднина. Тоа е Лео. Мене не ме интересираат коментари кои доаѓаат од надвор, тоа не можам да го контролирам. Ме интересира тоа што се случува меѓу нас, а Меси моментално има договор со нас“, изјави Куман.

Ако Нејмар вели дека ќе игра со Меси, тоа може да значи и дека ќе се врати во Барселона.

„Како клуб, ние мора да се обидеме да ангжаираме најдобри фудбалери“, додаде стратегот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Шпанија немаат дилеми, знаат и кога ќе биде промоцијата на Мурињо!

Португалскиот тренер Жозе Мурињо е повторно во центарот на вниманието на шпанските медиуми…