Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис зборуваше за новиот договор на првата ѕвезда на тимот Виктор Осимен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во летниот преоден рок Наполи одби богати понуди за Нигериецот, а медиумите пренесоа дека напаѓачот ќе потпише нов договор со значително повисока плата.
Меѓутоа, се уште нема потпис на нов договор, а во меѓувреме Осимен влезе во расправија со клубот поради објава на социјалните мрежи.
„Со Осимен вербално се договоривме за нов договор во август, а ако се променат работите од негова страна… животот продолжува“, потврди Де Лаурентис.
„Договорот на Виктор истекува во јуни 2025 година, има време. Да ве потсетам, го продадов Кулибали на Челси една година пред да му истече договорот“, додаде претседателот со што најави продажба на лето доколку Осимен не го продолжи договорот.