Дома Останати Ракомет Голманот на Словенија позитивен на ковид-19 пред натпреварот со Македонија

Голманот на Словенија позитивен на ковид-19 пред натпреварот со Македонија

Репрезентацијата на Македонија утре ќе го стартува Европското првенство во Дебрецин против селекцијата на Словенија. На еден ден пред овој натпревар позитивен тест на ковид-19 доби голманот на Словенија Аљаж Пањтар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според новите правила на ЕХФ Пањтар ќе мора да остане во карантин во наредните пет дена, а потоа треба да направи два нови теста и доколку тие бидат негативни ќе добие дозвола за настап.

Пред патувањето во Дебрецин Македонија се соочи со сличен проблем, поради позитивни тестови во Скопје останаа голманите Митревски и Кизиќ. Двајцата сигурно нема да му бидат на располагање на Лазаров во натпреварите со Словенија и Црна Гора.

Дуелот со Словенија го играме утре во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар со нови термини во Лигата на шампионите: Променет распоредот за два европски дуели

Навивачите на Вардар ќе мора да направат корекција во своите планови, откако беа направени…