Дома Ракомет Го уништи Вардар и стана МВП на колото во ЛШ! (ВИДЕО)

Го уништи Вардар и стана МВП на колото во ЛШ! (ВИДЕО)

Вардар доживеа пораз од Нант во драматичен и крајно неизвесен натпревар, а францускиот тим до победата го предводеше расположениот Ноам Леополд, кој беше нерешлива енигма за вардаровата одбрана.

Французинот одигра фантастичен меч и практично сам го одржуваше Нант во игра. Леополд упати 16 удари кон голот на Вардар, а дури 13 завршија во мрежата, со што убедливо беше најдобар стрелец на својот тим. Зад него беа Тарафета и Торнат со по четири гола.

Кога беше најпотребно, Леополд повторно ја презеде одговорноста. Тој го реализираше и решавачкиот седмерец на само 15 секунди до крајот, со кој Нант стигна до победата.

Неговата блескава партија не остана незабележана ниту од ЕХФ, која го избра Леополд за МВП на првото коло од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Без Митревски, Томовски ја презема главната улога на стартот кон ЕП 2028

Мартин Томовски влегува во репрезентативната недела со силна бундеслигашка форма. Македони…