Дома Останати Драматичен пад: Млад словенечки скијачка тешко настрада на Планица! (Видео)

Драматичен пад: Млад словенечки скијачка тешко настрада на Планица! (Видео)

Од Словенија пристигнуваат драматични извештаи. Дваесет и едногодишниот словенечки ски-скокач Ник Хеберле доживеа тежок пад за време на тестирање во Планица.

Младиот член на клубот СК Стол Жировница беше дел од група од 31 скокач кои ја тестираа скокалницата пред официјалната програма, но неговиот обид се претвори во вистински кошмар.

Според првичните информации, Хеберле изгубил контрола при слетувањето, најпрво излета надвор од патеката, а потоа следуваше застрашувачки момент. Со висока брзина беше фрлен на самото дно, што предизвика шок кај присутните.>

Медицинскиот тим реагираше брзо. Скокачот веднаш доби помош на самото место, а потоа итно беше пренесен во болницата во Јесенице.

Од Словенечката скијачка федерација истакнаа дека Хеберле бил свесен во моментот на транспортот, но попрецизни информации за неговата состојба не открија.

И покрај овој тежок инцидент, програмата во Планица продолжува. Веќе утре наутро е закажан официјален тренинг со почеток во 8 часот, а квалификациите ќе се одржат од 10 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Телефонот бил исклучен, поддршката ја чувствувал: Бекриќ за бронзата од Москва

Емир Бекриќ се наврати на светскиот медал од 2013 година, пораката „one love“ и емотивната…