Дома Топ вести Влаховиќ пред трансфер во Јувентус!

Влаховиќ пред трансфер во Јувентус!

Душан Влаховиќ својата кариера ја продолжува најверојатно во дресот на Јувентус.

Српскиот напаѓач игра фантастично оваа сезона и со своите настапи го привлече вниманието на многу европски клубови. Влаховиќ многу се поврзуваше со Арсенал кој за него беше спремен да плати 70 милиони евра, но напаѓачот порача дека не сака да ја продолжи кариерата во лондонскиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако се обидуваа да го убедат не успеаа. Од вчера вечер сите најрелевантни италијански медиуми објавуваат дека Влаховиќ е пред потпис со Јувентус. Исто така Влаховиќ од својот опис на профилот го тргна делот дека е играч на Фиорентина и само дополнително ги зголеми најавите.

Информациите од Италија се дека Јувентус ќе го доведе Влаховиќ за сума од 67 милиони евра, пкус бонуси.

Од друга страна доаѓањето на Влаховиќ во Јувентус може да значи дека Мората повторно е блиску до трансфер во Барселона. Ова го најави познатиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…