Дома Фудбал Италија Видео: Пандев и Џенова со пресврт го срушија Лацио

Видео: Пандев и Џенова со пресврт го срушија Лацио

Горан Пандев беше инспиратор на големиот пресврт на Џенова против Лацио. Важна победа за Удинезе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џенова и Лацио го одиграа највозбудливиот меч во попладневните натпревари во Серија А. Гостите дојдоа во водство во самиот финиш на првото полувреме со голот на Бадељ.

Лацио подобро го отвори и второто полувреме, Кореа имаше шанса да зголеми на 2:0, а потоа следеше казна.

Пандев влезе од клупата и беше инспиратор на пресвртот. Најпрво Санабрија израмни на 1:1, а во самиот финиш Кришито со прекрасен гол донесе комплетен пресврт.

Емполи оствари голема победа против Сасуоло со 3:0 и освои важни бодови во битката за опастанок.

Удинезе конечно дојде со три бода со победата над Киево од 1:0 на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Норвежаните на уникатен начин го прославија пласманот во нокаут фазата (Видео)

Фудбалерите на Норвешка ја надминаа репрезентацијата на Сенегал со резултат 3:2, со што об…