Во победата на својот Далас против Чикаго 103:98, Лука Дончиќ не одигра еден од своите најдобри натпревари, но не може да се каже дека беше и лош.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дончиќ за 33 минути поминати на паркетот уфрли 11 поени со шут од игра 3-12 (за тројка 2-7). Запиша уште шест скокови и три асистенции. Навистина, ништо сензационално, но со еден потег тој повторно ја воодушеви американската јавност.
Се играше последната четвртина кога Дончиќ прими топка на тројка. На него тргна Џастин Холидеј кој после одличниот потег на Словенецот тргна во празно.