Дома Топ вести Венгер го изненади целиот свет: Понуди 140 милиони за Мбапе!

Венгер го изненади целиот свет: Понуди 140 милиони за Мбапе!

Напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе, дефинитивно ќе биде ѕвезда на летниот преоден рок, па многу е веројатно дека неговиот трансфер ќе биде најскап во историјата на фудбалот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Многу европски великани се вклучија во трката по потписот на тинејџерот од Монако, но најконкретен е интересот на Арсенал.

Специјализираниот фудбалски портал „4-4-2“, повикувајќи се на француски „Екип“, денес објави дека конечната понуда на Арсенал ќе биде 122 милиони фунти (140 милиони евра).

Од друга страна, медиумите во Англија не веруваат во такво нешто бидејќи во минатото Арсен Венгер покажа дека е „тежок“ кога треба да се трошат пари на засилувања.

Ако Мбапе пристигне во Арсенал за 140 милиони евра, клубот за цели 100 милиони евра ќе го сруши сопствениот трансфер рекорд. Најскап фудбалер во историјата на Арсенал е Месут Озил, кој во 2013 година од Реал пристигна за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…