Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардарки со нов триумф во ЛШ: Навивачите со моќна порака за успешната вардарова генерација

Вардарки со нов триумф во ЛШ: Навивачите со моќна порака за успешната вардарова генерација

ЖРК Вардар продолжи во низата триумфи во рамки на Лигата на шампионоте, овојпат над екипата на Будуќност на домашен терен со 31:24.

Ракометарките на Вардар беа доминантни во текот на целиот меч и имаа контрола врз резултатот.Во еден момент црвено-црните имаа водство и од 11:4 во првото полувреме, а во финишот на првиот дел се замина со предност од 19:8.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во второто полувреме, Будуќност успеа да ја намали барем малку негативата , но тоа не им беше доволно да дојдат до сензаионален пресврт.

Во меѓувреме, по сите гласини дека оваа генерација на ЖРК Вардар ќе опстои само до крајот на сезоната, навивачите на трибините ги поздравија ракометарките со транспарент, на кој пишуваше: „И нас не боли, но вие и понатаму ќе сте наши идоли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…