Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон ова лето го напушти Јувентус и се пресели во ПСЖ.
Буфон многумина изненади со својата одлука да ја продолжи кариерата, иако се мислеше дека ќе стави крај на професионалното играње фудбал.
Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓
Италијанецот сега призна дека помислил да се пензионира, и тоа во моментите кога заиграл против Киеза јуниор.
„Првиот пат кога се соочив со Киеза, бев малку дезориентиран. За првпат играв против еден син на мој поранешен соиграч и тогаш за првпат помислив дека е време да се пензионирам“, призна Буфон.
„Како и да е, од тогаш наредив уште неколку играчи кои се синови на поранешни легенди, па така веќе ова го сметам како подарок во мојата долга кариера“, додаде Италијанецот.