Дома Македонски спорт Мак фудбал Бразилец потпиша за Брера

Бразилец потпиша за Брера

Бразилскиот интернационалец Мартинс Де Паула Кауан е нов играч на Брера Струмица за понатамашниот дел од првенството.

Станува збор 23 годишен дефанзивец кој минатата година настапуваше за естонскиот тим Транс Нарва каде имаше неколку забележителни настапи. Претходно Де Паула Кауан има настапувано и во неколку бразилски клубови меѓу кои и за младите на Коринтианс.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според информациите Де Паула одлично игра со левата нога. Се одликува со агресивност, добар преглед во одбрамбената линија, стабилност во играта но и со добар скок и се очекува да даде голем придонес во одбраната на нашата игра

,,Одличен прием и се надевам дека ќе имаме одлична соработка и во иднина. Ќе дадам се од себе за да ја исполниме зацртаната цел за ова полусезона. Сакам да помогнам и да постигнеме добри резултати за да можеме како Брера да бидеме повисоко на прволигашката табела“, кажа во својата прва изјава бразилскиот интернационалец

Претходно Брера се засили со Даниел Миловановиќ, нигерискиот интернационалец Ибрахим Олаосебикан, младиот Лука Георгиев и српскиот напаѓач Џорџе Ивковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…