Дома Фудбал Хаос во Лил: ограбен клупскиот фан-шоп, дресови веднаш осамнаа на онлајн продажба

Хаос во Лил: ограбен клупскиот фан-шоп, дресови веднаш осамнаа на онлајн продажба

Нередите за време на протестите во Франција го погодија и фудбалскиот клуб Лил. Според информациите од објавата што се шири на социјалните мрежи, ограбена била клупската продавница, а украдените артикли многу брзо завршиле на онлајн продажба.

Станува збор за дресови и друга клупска опрема, кои само неколку часа по грабежот се појавиле на пазарот за препродажба. Дополнително внимание предизвика и тоа што на дел од производите, според објавените фотографии и коментари, сè уште стоела и заштитата против кражба.

Случајот експресно се прошири на интернет, каде што корисници споделуваат снимки и реакции по инцидентот. Засега во достапните информации нема повеќе детали за евентуалната штета или за тоа дали има приведени лица поврзани со грабежот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија бруи: Лацио ја понижи Јуве, Милан едвај преживеа

Насловните страници во Италија утрово се вртат околу убедливиот 3-0 на Лацио против Јувент…