Дома Останати Кошарка Фуркан Коркмаз по дербито: Ако помогнав да победиме, тогаш сум среќен

Фуркан Коркмаз по дербито: Ако помогнав да победиме, тогаш сум среќен

Бешикташ го доби големото дерби против Галатасарај МЦТ Техник во 4. коло од турската кошаркарска Суперлига и стигна до втората победа во првенството.

Еден од најзаслужните за триумфот беше Фуркан Коркмаз, кој со 18 поени беше најефикасен играч на мечот. По средбата, кошаркарот на Бешикташ истакна дека зад тимот е напорен период, но и дека е задоволен што успеал да придонесе во важен натпревар.

„Ова беше навистина тешка недела за нас. Двојните програмi се многу напорни и како екипа сè уште се привикнуваме на тој ритам. Сепак, мислам дека одигравме натпревар каков што му доликува на едно дерби. Ако со мојата игра помогнав тимот да победи, тогаш сум навистина среќен. Се надевам дека ќе продолжиме во ист стил и со нови победи.“

Коркмаз додаде дека Бешикташ уште пред почетокот бил целосно свесен за тежината на мечот и значењето на дербито.

„Знаевме колку е важен овој натпревар и зборувавме за тоа и во соблекувалната. Поради густиот распоред немаме многу простор за тренинзи, па најчесто се воигруваме низ самите натпревари. Денес добро се справивме со тоа и се надевам дека ќе продолжиме да играме вака.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ОКЦ го врза Волас: пет години и 139 милиони долари

Оклахома Сити Тандер постигна договор со младиот бек Кејсон Волас, но новиот потпис дополн…