Дома Фудбал Ѕвезда доби нов бисер: 17-годишниот Сибиновиќ дебитираше на „Маракана“ во убедлива победа

Ѕвезда доби нов бисер: 17-годишниот Сибиновиќ дебитираше на „Маракана“ во убедлива победа

Црвена звезда убедливо ја совлада Младост од Лучани со 5:1 во 12. коло од српската Суперлига, но покрај петте погодоци, посебно внимание привлече и дебито на младиот Андреј Сибиновиќ.

Српскиот шампион влезе во овој натпревар по тежок распоред, бидејќи само 72 часа претходно беше поразен во Лугано. Дополнително, ривал беше еден од пријатните изненадувања во досегашниот тек од првенството, па задачата воопшто не беше едноставна.

Избраниците на Алберт Риера во првото полувреме имаа проблеми со реализацијата, но во продолжението целосно ја оправдаа улогата на фаворит. На крајот, мрежата на Младост ја тресеа Александар Катаи, Марко Арнаутовиќ, Мохамед Абу Фани, Осман Букари и Тими Макс Елшник.

Сепак, натпреварот ќе остане запаметен и по настапот на Сибиновиќ, кој на 6 октомври наполни 17 години. Станува збор за фудбалер кој настапува како стопер, а може да одговори и на позицијата заден играч за врска, нешто што очигледно му се допаѓа и на тренерот Алберт Риера.

За младиот фудбалер ова беше посебен момент во кариерата, бидејќи дебито го запиша токму на „Маракана“, пред навивачите на Црвена звезда.

„Денеска исполнив уште еден мој детски сон. Чувството е неверојатно да се игра на ‘Маракана’ пред Делиите. Би сакал да му се заблагодарам на стручниот штаб и на управата на клубот за укажаната доверба“, изјави Сибиновиќ.

Така, покрај новите три бода и убедливата победа, Звезда доби и уште една убава вест: уште едно младо име направи важен чекор кон сениорскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед крои јануарски план: одбраната е прва цел на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед ќе бара засилувања во јануари, а приоритет се стопер и лев бек поради п…