Дома Фудбал Останато Лебрун беше на работ од пораз, па го покори европскиот врв

Лебрун беше на работ од пораз, па го покори европскиот врв

Феликс Лебрун продолжува да воодушевува на големата сцена. Францускиот пингпонгар, кој има само 20 години, стана европски шампион откако во драматично финале го совлада Швеѓанецот Антон Калберг.

Мечот донесе сериозна неизвесност, а Лебрун во еден момент беше буквално на чекор од пораз. Калберг водеше со 3:2, па Французинот мораше да реагира под притисок ако сакаше да остане во борба за титулата.

Токму тогаш следуваше пресвртот. Лебрун го доби шестиот сет со 11:6 и го однесе финалето во решавачки период, каде што наместо нова драма, гледавме целосна доминација на младиот Французин.

Во последниот сет Калберг освои само еден поен. Тоа се случи при резултат 2:0, кога топчето ја закачи ивицата на масата и му донесе малку среќа на Швеѓанецот. Но, тука практично заврши сè што имаше да понуди во завршницата.

Од тој момент на масата постоеше само еден играч. Лебрун ја презеде целосно контролата и со убедливи 11:1 ја завери европската круна.

Овој успех е уште една потврда за неговиот огромен подем. За само две години Лебрун направи извонреден исчекор и стигна до второто место на светската ранг-листа, што е посебно впечатливо ако се знае колку кинеските натпреварувачи традиционално доминираат во овој спорт.

Со титулата на Европското првенство, Феликс Лебрун уште еднаш покажа зошто во моментов важи за најдобар европски пингпонгар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешна олимпијка води тешка битка: 22 часа дневно е во кревет

Британската поранешна атлетичарка Бет Добин, која настапи на Олимписките игри во Токио, от…