Дома Фудбал Видео: Навивачи на Интер се обидоа да се вратат на стадионот за продолженијата. Беа одбиени.

Видео: Навивачи на Интер се обидоа да се вратат на стадионот за продолженијата. Беа одбиени.

ИНТЕР е првиот финалист на оваа сезона во Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Каталонија заврши 3:3, а идентичен резултат беше и на реваншот во Милано, каде што победникот беше одлучен по продолженија. Лаутаро Мартинез и Хакан Чалханоглу го донесоа Интер во водство, а гостите израмнија преку Ерик Гарсија, Дани Олмо и Рафиња. Регуларниот дел заврши 3:3 благодарение на израмнувањето на Франческо Ачерби во 93-та минута.

Имајќи предвид дека Рафиња постигна гол во 87-та минута и се чинеше дека Интер ќе испадне од натпреварувањето, група италијански навивачи го напуштија стадионот Џузепе Меаца. Но, Ачерби израмни шест минути подоцна и донесе продолженија. На социјалните мрежи објавена е снимка од неколкумина фанови кои се обидоа да се вратат на трибините покажувајќи картичка. Меѓутоа, обезбедувањето не им го дозволи тоа.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Одлуката за предвремено напуштање на стадионот им беше уште потешка, бидејќи нивниот тим со голот на Давиде Фратеси во 99-тата минута дојде до 4:3, односно вкупни 7:6 и на тој начин се пласираше во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заврши бајката на Арсенал: ПСЖ се пласира во финале на ЛШ (Видео)

Со победата од 2-1 против Арсенал во реваншот, ПСЖ ја потврди предноста од првиот натпрева…