Дома Фудбал Ужас во Рим: Навивачи на Лацио избоделе тројца Шпанци

Ужас во Рим: Навивачи на Лацио избоделе тројца Шпанци

Тројца навивачи на Реал Сосиедад се избодени со нож во центарот на Рим во судир со навивачи на Лацио пред натпреварот од Лига Европа меѓу овие два клуба, што се игра вечерва, соопшти италијанската полиција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Седумдесетина шпански навивачи нападнале околу 80 навивачи на Лацио на улица Виалеонини, во близина на Колосеумот во среда доцна навечер, изјави портпаролот на римската полиција.

Се користеле тапи предмети и ножеви, рече полицијата и објави слика од оружјето за кое се претпоставува дека е користено во нападот, меѓу кои се чекан, палки, клучеви и синџир. Напаѓачите побегнале веднаш штом стигнала полицијата, изјави портпаролот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов потпис во Мадрид: Бараше договор на две години, но попушти и ќе потпише на една!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжува со стабилизација на тимот за следните сезони, отка…