Дома Актуелно Убава вест за Гвардиола: Родри се враќа на терените многу порано

Убава вест за Гвардиола: Родри се враќа на терените многу порано

Шпанскиот фудбалер од редовите на Манчестер сити, Родри би можел да се врати на терените многу порано од она што се претпоставуваше.

Родри се здоби со повреда поради која беше најавено дека за него сезоната е завршена. Сепак, како што пренесуваат медиумите од Островот освојувачот на „Златната топка“ може да го видиме во најважниот дел од сезоната.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Имено, „Телеграф“ пренесува дека Манчестер сити би можел да го пријави Родри за нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Манчестер сити во најелитното европско натпреварување го чека плеј-оф за место во осминафиналето, а во плеј-офот „граѓаните“ ќе се соочат со Реал Мадрид или Баерн Минхен, противник ќе биде познат на утрешната ждрепка.

Нема дилеми дека Родри кој е еден од најдобрите во светот на својата позиција би бил од огромна важност за гигантот од Манчестер во вториот дел од сезоната кога следуваат и најважните битки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

ПСЖ му нуди подобар договор на Салах од Ливерпул

Од Франција пристигнуваат вести дека ПСЖ подготвил тригодишен договор вреден 500 илјади ев…