Заедно со селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција присуствуваше и напаѓачот Александар Трајковски.
Како што порача Трајковски заморот кога играат за Македонија е во втор план и сите сакаат да го дадат својот максимум.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Како што напомена селекторот, постои одреден замор бидејќи играме на три дена. Сепак, мислам дека ова нема да ни биде првпат вака да настапиме во вакво темпо. Секогаш сакаме да го дадеме своето најдобро, сакаме да ја завршиме оваа Лига на нации во одличен ритам. Заморот е во втор план, треба да сме фокусирани на последната средба во недела и да го дадеме максимумот за трите бода“, изјави Трајковски.