Фудбалските клубови потрошија рекордни 1.57 милијарди долари на трансфери во зимскиот преоден рок, соопшти ФИФА. Според ФИФА прегледот за јануари 2023 година во машкиот фудбал биле направени 4387 меѓународни трансфери. Потрошени се вкупно 1.57 милијарди долари, што е околу 230 милиони повеќе од претходниот рекорд поставен во јануари 2018 година. Бројот на трансфери во машкиот фудбал порасна за 14.4% во …