Дома Фудбал Словенецот Винчиќ се расплака кога дозна дека ќе го суди финалето на СП

Словенецот Винчиќ се расплака кога дозна дека ќе го суди финалето на СП

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија, кое ќе се игра во недела на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. ФИФА избра еден од најискусните европски судии за одлучувачкиот натпревар на турнирот, а за 46-годишникот од Марибор тоа ќе биде најголемиот натпревар во неговата кариера, пренесува 24сата.хр.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Винчиќ дознал за назначувањето од Пјерлуиџи Колина, раководител на судењето на ФИФА и претседател на судискиот комитет. Тој призна дека веста целосно го изненадила.

-Прво, шок. Потоа среќа. Се тресев. Неверојатна чест е да се добие финалето на Светското првенство. Тоа е нешто што е само сон за еден судија, за млад судија кога ќе започне. Затоа сум многу горд, многу горд на себе и на мојот тим. Многу е тешко да се каже сè со зборови, но многу сум горд што ја претставувам мојата земја, Словенија, на најголемиот спортски настан во светот. Мојот тим е многу горд и ќе дадеме се од себе – рече Винчиќ.

Ова е негово второ Светско првенство. Во Катар 2022 година, тој судеше два натпревари, а на тековниот турнир ги водеше натпреварите помеѓу Бразил – Мароко и Јордан – Алжир во групата и Мексико – Еквадор во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола за Светското првенство, иднината, враќањето во Сити и најголемиот ривал: “Ме излудуваше”

Пеп Гвардиола, кој сега е без тренерска позиција по декадата на чело на Манчестер Сити, пр…