Дома Фудбал Манчестер Сити може да виде исфрлен во четврта лига

Манчестер Сити може да виде исфрлен во четврта лига

Премиер лигата го обвини Манчестер Сити за кршење на бројни финансиски правила, па официјално е покренато обвинение.

Обвиненијата се однесуваат на финансиските информации во врска со приходите, деталите за плаќањето на менаџерите и играчите, кршење на прописите на УЕФА и соработка во истрагата.

Сега Манчестер Сити би можел да се соочи со исфрлање од Премиер  лигата и да биде вратен неколку нивоа подолу.

Доколку се докажат наводните прекршоци и Премиер лигата побара најстрога можна казна, според сегашните правила Сити ќе мора да започне во Лига 2 на Англија, четвртиот ранг на англискиот фудбал.

Според спортскиот адвокат Ник Де Марко, може да поминат и до четири години пред да се донесе одлука бидејќи станува збор за 115 обвиненија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити со перфектен биланс во дербито: Шо и Хемп бркаат „стотки“ против Јунајтед

Манчестерското дерби носи дуел на разиграни ривали, но и можност за два јубилеја: Шо е пре…