Дома Фудбал Гигант го нападна Романо: Престани да пишуваш глупости и преку нас да ја креваш цената!

Гигант го нападна Романо: Престани да пишуваш глупости и преку нас да ја креваш цената!

Од извесно време, Фабрицио Романо премина од новинарство кон посредување при трансфери во фудбалот. Тој стана маркетиншка алатка и продавач на многу производи од фудбалската индустрија, а затоа сè почесто се соочува со критики од јавноста.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неодамна, Атлетико Мадрид се впушти во конфликт со него поради шпекулациите за трансферот на Хулиан Алварез во Барселона, а сега се појави нова ситуација.

Фабрицио Романо вчера објави дека Наполи испратил понуда вредна 10.000.000 долари за Ексекиел Зебаљос од Бока. Наводно, аргентинскиот деснокрилен фудбалер сака да премине во Наполи и веќе одбил понуда од 5.000.000 долари годишно од ЦСКА за да се пресели во Москва.

Великанот од рускиот главен град реагираше преку својот X профил, каде негираа дека во моментот имаат било каква поврзаност со Зебаљос, иако е точна информацијата дека бил на нивната листа на желби, но тоа било во текот на зимата.

„Фабрицио, престани да шириш глупости. Ти си почитуван новинар. ЦСКА никогаш не понудила 5.000.000 евра нето годишно на ниту еден играч. Разговорите со Бока завршија во февруари: немаше договор, ниту понуда за играчот. Не планираме да купуваме играчи на крилни позиции ова лето. Престани да го користиш нашето име за остварување договори или зголемување на побарувањата“, наведоа од ЦСКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најголемите португалски клубови престанува да постои по 123 години!

Фудбалскиот клуб Боависта од Порто, еден од само петте клубови што ја освоија титулата шам…