Дома Фудбал Еден од најголемите португалски клубови престанува да постои по 123 години!

Еден од најголемите португалски клубови престанува да постои по 123 години!

Фудбалскиот клуб Боависта од Порто, еден од само петте клубови што ја освоија титулата шампион на Португалија, се соочува со затворање. Судот издал наредба која гласи дека клубот до 31 јули мора да запре со сите деловни активности и да ги испразни просториите што ги користи. Оваа одлука всушност значи крај за клубот по цели 123 години постоење.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Боависта беше основана на 1 август 1903 и претставува еден од најстарите португалски клубови. Најуспешниот период го имаше на почетокот на 21-от век, кога во 2001 година го освои својот единствен национален шампионат. Две години подоцна стигна до полуфиналето на Купот на УЕФА, додека во 1999 и 2002 беше вицешампион.

Со таа титула, Боависта кратко ја прекина доминацијата на таканаречената “голема тројка” – Бенфика, Спортинг и Порто. Овие три клуба освоија 90 од вкупно 92 португалски шампионати. Единствениот друг клуб што успеал беше Беленсеш, уште во 1946 година.

Од 2021 година, сопственик на клубот е шпанско-луксембуршкиот претприемач Жерард Лопез. Под негово водство, Боавишта поради финансиски неправилности беше спречена да ангажира нови играчи во пет последователни преодни рокови. Тоа доведе до нивното испаѓање во четвртата лига.

Освен Боависта, Лопез беше сопственик и на францускиот Бордо и белгискиот Мускрон. Поради лошото деловно работење, и тие клубови го изгубија професионалниот статус во своите земји.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вест на денот во Лондон: Боувен како Дел Пјеро!

Фудбалскиот клуб Вест Хем денеска соопшти дека Џаред Боуен потпишал нов договор! Како ПАМЕ…