Дома Фудбал Познато на кој стадион ќе играат Швајцарија и Македонија

Познато на кој стадион ќе играат Швајцарија и Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија на 6 октомври ќе гостува кај Швајцарија во рамки на Лигата на нации, а домаќинот веќе го одреди местото каде што ќе се одигра натпреварот.

Швајцарската федерација реши дуелот да се игра во Луцерн, на стадион со капацитет од околу 16.800 гледачи. Ова ќе биде прв натпревар на швајцарската селекција на овој стадион по две години, откако во последниот настап таму убедливо ја совлада Естонија со 4-0.

Луцерн важи за среќен терен за Швајцарците, кои во својата историја доживеале само еден пораз на овој стадион – во 2012 година, кога Романија славеше како гостин.

Македонија ја очекуваат сериозни предизвици во групата од Лигата на нации. Покрај гостувањето во Швајцарија, избраниците ќе играат и против Шкотска во Глазгов, како и против Словенија во Љубљана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси понуди 65 милиони евра за замена на Енцо Фернандез: Договорот се приближува до финализирање!

Челси очигледно не сака да го чека последниот момент, бидејќи лондонскиот клуб направи гол…