Дома Фудбал Гвардиола за Светското првенство, иднината, враќањето во Сити и најголемиот ривал: “Ме излудуваше”

Гвардиола за Светското првенство, иднината, враќањето во Сити и најголемиот ривал: “Ме излудуваше”

Пеп Гвардиола, кој сега е без тренерска позиција по декадата на чело на Манчестер Сити, проговори за финалето на Светското првенство и својата иднина. Кажа дека не навива за ниедна конкретна репрезентација, но направи анализа на шансите на Шпанија против Аргентина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“На Светското првенство не сум одреден за ниедна селекција, туку ги следам тимовите во кои настапуваат играчи кои ги почитувам и со кои сум соработувал. Радо би навивал за нив”, истакна 56-годишниот стручњак и додаде дека би му било драго ако Аргентина освои поради играчите кои ги познава.

Клучните играчи за победа на Шпанија

Гвардиола се обрати на репрезентацијата на Шпанија, која ја води Луис де ла Фуенте. Според него, Шпанците можат да ја совладаат Аргентина во финалето ако Родри, заедно со Педри и Ламин Јамал, одиграат на највисоко ниво.

“Ламин Јамал пристигна со помал физички капацитет поради неодамнешни повреди. Сепак, со оглед на неговата возраст, се носи неверојатно добро со притисокот и може сам да реши натпревар”, рече Гвардиола.

Иднината, враќањето во Сити и ривалството со Клоп

Кога станува збор за неговата иднина, Гвардиола потсети дека својата тренерска кариера ја започна на 37 години во Барселона, а сега има 56 години. Изјави дека му се потребни нови предизвици и дека моментално е “навистина среќен” надвор од центарот на вниманието.

Сепак, не ја исклучи можноста за враќање во Манчестер Сити. “Еден ден, секако, ќе се вратам на Етихад стадионот. Моментално, пак, сакам да бидам во позадина. Доколку ме побараат, ќе бидам тука”, порача тој.

Уште еднаш го истакна неговиот најголем ривал во кариерата. “Јирген Клоп. Беше способен да го менува системот на секои 20 минути. Тоа ме излудуваше”, призна шпанскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Словенецот Винчиќ се расплака кога дозна дека ќе го суди финалето на СП

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство помеѓу Аргент…