Бруклин Нетс кој имаше амбиции и за шампионскиот прстен во НБА брзо се распадна.
Откако клубот го напушти Кајри Ирвинг, сега и Кевин Дурант одлучи да се пресели од истокот на Западот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дурант стана нов играч на Феникс Санси кои во замена за Дурант во Бруклин ќе ги испратат Микел Бриџис, Камерон Џонсон, Џае Краудер как ои дури четири пикови од првата рунда, објавија Адријан Војнаровски и Шемс Чарани, кошаркарски новинари кои се најупатени во НБА трејдовите.
Во Феникс покрај Дурант се сели и Ти Џеј Ворен. Бруклин ги доби пиковите на драфтот 2023, 2025, 2027 и 2029 година што значи дека ќе можат одново да почнат да го градат новиот тим.
Дурант со Крис Пол, Девин Букер и Диандре Ејтон ќе се обиде на Феникс да му го донесе шампионскиот прстен.
BREAKING: Nets are trading Kevin Durant to the Suns, per @ChrisBHaynes pic.twitter.com/09hd9mbxfa
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 9, 2023