Дома Македонски спорт Мак фудбал Алиоски во акција за помош на настраданите во Турција🎥

Алиоски во акција за помош на настраданите во Турција🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски покажа дека покрај што е голем фудбалер е и голем човек.

Тој ја покажа својата солидарност и учествуваше во хуманитарна акција за помош на настраданите и најпогодените од катастрофалниот земјотрес во Турција.

Популарниот Џани како член на турски Фенербахче учествуваше во хуманитарната акција на клубот.

 Алиоски заедно со неговите колеги испрати нова облека, храна и останатите производи за луѓето кои настрадаа во катастрофалниот земјотрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…