Дома Фудбал Комо завршува големо засилување од Премиер лигата!

Комо завршува големо засилување од Премиер лигата!

Комо имаше историска сезона во Серија А и обезбедија пласман во Лигата на шампионите.

Амбициозниот клуб од едно од најубавите езера во светот не сака да биде епизодист во елитата, а и во Серија А сакаат повторно да го постигнат успехот.

Го задржаа Нико Паз, го донесоа талентираниот Италијанец Матија Либерали, а сега завршуваат голем трансфер од Премиер лигата.

Како што пренесува Скај Италија, во Комо доаѓа Тревор Чалоба, фудбалерот на Челзи.

Него го сакаше и Интер, но во редовите на шампионите на Италија се откажаа од трансферот.

Тој беше член на Англија на Светското првенство, но не добиваше шанса. За Челзи одигра 47 натпревари во претходната сезона. Потекнува во клубот од Стамфорд Бриџ, а беше на позајмици во Лоријен и Кристал Палас каде имаше одлична сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси шокираше со потегот: Прво повикаа некогашнатголема ѕвезда да дојде, а потоа се откажаа од трансферот

Челси изврши голем број на трансфери во последниот прелазен рок. Јасно е дека тоа не е ниш…