Пеп Гвардиола ја посочил ѕвездата на Наполи, Квича Кварацхелија како примарна трансфер цел за следното лето.
Кварацхелија со своите партии во дресот на Наполи го воодушеви фудбалскиот свет и покажа дека може да биде нова голема фудбалска ѕвезда.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наполи за неговиот потпис плати 10 милиони евра, а Грузицот до сега постигна 10 гола и 14 асистенции на 22 меча во сите натпреварувања.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Гвардиола нема да жали пари за да го довесе на „Етихад“ и го одредил Кварцхелија како примарна трансфер цел на лето.
Сити е спремен да понуди 100 милиони евра за неговиот потпис, што е десет пати повеќе од сумата која за него ја плати Наполи.