Младиот холандски фудбалер Френки Де Јонг на крајот од сезоната ќе го напушти Ајакс и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона. Де Јонг уште од пред неколку месеци потпиша договор со каталонскиот клуб, но беше договорено да остане во Ајакс до завршувањето на оваа сезона. Барселона за него плати сума од 75 милиони евра, плус 11 како бонуси. …