Дома Фудбал Италија Италијанците тврдат: Се е договорено, Рома има нов тренер!

Италијанците тврдат: Се е договорено, Рома има нов тренер!

roma

Ако им веруваме на италијанските медиуми договорот е постигнат!

Рома и понатаму се надева дека ќе успее да се пласира во Лигата на шампионите, дури и да ги победат во последните две кола мораат да се надеваат и дека резултатите на Аталанта ќе им одат во прилог. „Волчицата“ посебно се надева затоа што Аталанта во последните две кола игра против Јувентус и Милан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раниери на крајот од сезоната заминува, на капитенот Де Роси нема да му биде продолжен договорот, а без парите од Лигата на шампионите тешко ќе можат да доведат адекватни засилувања.

Но, тие го убедиле Џампиеро Гасперини!

Тренерот на Аталанта би можел да го внесе клубот во Лигата на шампионите, а потоа учеството да му го препушти на некој друг стратег. Италијанските медиуми пренесуваат дека Гасперини ќе ја напушти Аталанта и претседателот Перкаси нема да му прави проблем иако има договор до 2021 година.

Аталанта со пласманот во Лигата на шампионите би ја наполнила касата и тоа би бил најголем успех во историјата на клубот, но Гасперини во Рома ќе заработува двојно повеќе пари, околу пет милиони евра по сезона.

Ќе потсетиме, Гасперини имаше кратка авантура во Интер, со Џенова за четири години направи многу добри работи во изминатата деценија, се врати во Џенова во 2013 и остана до 2016 од кога е во Аталанта. Работеше во Палермо, сменет беше па Зампарини го враќаше на клупата.

Рома би било е еден нов чекор во неговата кариера и шанса во поголем клуб. Лесно сигурно нема да му биде, но ова е голем предизвик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…