
Новинарот Бен Џејкобс има сигурни информации дека неколку европски федерации наводно сакаат да го поддржат Насер Ал-Келаифи за претседател на Меѓународната Фудбалска Федерација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Претседателот на славниот ПСЖ е еден од најмоќните луѓе во европскиот фудбал. Многу европски федерации и најмоќните луѓе од фудбалот на Стариот континент сметаат дека токму тој би бил идеален наследник на Инфантино.
Ал-Келаифи веќе со години се наоѓа меѓу највлијателните луѓе во светскиот фудбал. Како претседател на ПСЖ и Европската асоцијација на клубовите (ЕЦА), стекнал значајно влијание во фудбалот, особено на европско ниво.
Неговата евентуална кандидатура би преставувала сериозен предизвик за актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, кој е на чело на светската кровна организација од 2016 година.
Иако официјална потврда за кандидатурата сѐ уште не постои, самата можност Ал-Келаифи да се вклучи во трката веќе предизвикала големо внимание. Следниот период може да донесе интересна политичка борба за иднината на ФИФА.
Актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино во последните месеци се соочува со бројни критики, а наводните проблеми во организацијата и комуникацијата за време на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико дополнително го зголемија незадоволството на фудбалската јавност.
Иако Инфантино сѐ уште има силна позиција на чело на светската кровна организација, се почесто се зборува дека дел од федерациите бара нов правец и нова личност која би го презела раководството на ФИФА.