Дома Останати Тенис Алкараз доби зелено светло за враќање: Еве каде ќе настапи!

Алкараз доби зелено светло за враќање: Еве каде ќе настапи!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повредата на зглобот на раката и е подготвен за враќање на натпреварите, на радост на обожавателите низ целиот свет.

Според шпанскиот весник La Verdad, проблематичната повреда на десниот зглоб на младиот Шпанец е целосно заздравена.

Ова се одлични вести за светскиот тенис, имајќи предвид дека Алкараз поради оваа сериозна повреда не настапуваше на терените од април месец, а беше принуден да ги пропушти големите турнири како што се Ролан Гарос и Вимблдон.

Каков е планот за враќање? По потврда од лекарите дека зглобот е целосно опоравен, тимот на Алкараз изготви детален план за наредниот период. Намерата е тренинзите постепено да се интензивираат за да се адаптира раката на натпреварувачкото темпо, со цел избегнување на нова повреда.

Сега фокусот на тимот на Алкараз е на турнејата во САД. Главната цел на шпанскиот тенисер е враќање на мастерсот во Синсинати наредниот месец. Турнирот во Синсинати ќе се одржи од 13 до 23 август и ќе биде клучен тест за Алкараз пред настапот на последниот Голем слем во сезоната, US Open.

Инаку, Алкараз оваа седмица загуби едно место на АТП листата и моментално е трет тенисер во светот, зад Јаник Синер и Александер Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се маскираше и „инкогнито“ се прошета низ Њујорк (Видео)

Новак Ѓоковиќ одлучи накратко да почувствува како е да се шета по улиците на Њујорк без да…